Германскиот град Гетинген одлучи да им дозволи на жените, како и мажите, да се капат „топлес“ во базен. Со ова, ова место во централна Германија ќе стане првиот град во земјата што ќе им овозможи на пливачките да се рекреираат со голи гради, а одлуката е донесена во рамки на споровите за родовиот идентитет.

Спортскиот комитет на градот им препорача на затворените и отворените базени во градот на сите капачи да им дозволат да се капат без горен дел од костимот за капење, за време на викендите, почнувајќи од 1 мај.

Одлуката е донесена откако пливач(ка), биолошка жена, наводно, бил(а) замолен(а) да си го покрие телото на базен, што предизвика протести поради тоа што таа / тој се идентификувал како машко – изјави претставник на локалната власт.

По долга дебата, властите одлучија дека најправеден начин е можноста сите капачи да можат да се капат топлес.

Германија има популарно нудистичко движење познато како „ФКК“ – скратено од „Frei-Koerper-Kultur“ (Култура на слобода на телото), но потегот од Гетинген, кој првично треба да трае до август, е првиот за јавните бањи за капење, (Слично правило постои во некои сауни), каде што традиционално досега се дозволуваше само мажите да се капат без горниот дел од костимот.

Некои луѓе сметаат дека ова не треба да важи само за викенди. Но, властите сметаат дека правилото за викенд е неопходно за да се спречи несакано влијание при училишните часови за пливање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.