Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го испратиле од германска територија, објавија денеска германските медиуми.

„Руски извидувачки воен авион е забележан во близина на островот Реген, по што два авиони „Еурофајтер“ полетаа од базата Лага кај Росток, па рускиот авион беше придружуван подалеку од германска територија“, потврди агенцијата ДПА.

Дополнително беше потврдено дека авионот „се приближувал до германскиот воздушен простор“, но дека го променил правецот по полетувањето на германските авиони. Целиот инцидент се случил во саботата.

Во меѓувреме, данската влада го покани рускиот амбасадор во таа земја на информативен разговор поради неодамнешното влегување на руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во таа прилика рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.