Видена и повторно исчезната: диво животно на слобода, веројатно лавица, е забележано во околината на Берлин и Бранденбург, пишува Дојче веле. Станбените реони беа блокирани во четвртокот, жителите беа замолени да останат во домовите. Ангажирани се стотици полицајци, поддржани од ловџии и ветеринари – но животното, до доцните вечерни часови во четвртокот, ни трага ни глас.

Првото предупредување стигна до жителите во населбите јужно од Берлин во ноќта кон четвртокот: Забележано е „опасно диво животно кое слободно трча“ во општината Клајнмахнов во Бранденбург. Видео од мобилен телефон во траење од неколку секунди го покажува животното како се прикрадува меѓу грмушки и дрвја. Во текот на ноќта животното било забележано и од полициски службеници. По изјави на сведоци, потрагата беше проширена и во соседната покраина Бранденбург. Но, залудно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.