Во светлината на конфликтот во Украина, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер препорача Германците да подготват залихи со храна и лекови дома за секој случај.

„Ако снема струја на подолго време или секојдневниот живот е ограничен на некој друг начин, би било мудро да имате итни резерви на храна дома“, рече Фезер за Handelsblatt.

Министерката нагласи дека државните мерки за цивилна одбрана не треба да вклучуваат само „технички прашања“, туку и „залихи на храна, лекови и медицински материјал“.

На списокот се 20 литри вода, 3,5 килограми житарки, леб, тестенини, ориз и компири, 4 килограми зеленчук и мешунки, 2,5 килограми овошје и јаткасти плодови, 2,6 литри млеко и млечни производи.

Освен тоа, за десетдневна резерва треба да оставите 1,5 килограми месо, риба, јајца или јајца во прав, 357 грама масти и масло и други производи по ваш вкус, како мед или чоколадо. На страницата има и други препораки, како што се потребните резерви на лекови при домашна прва помош.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.