Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци, јави ДПА.

Специјален авион на воздухопловните сили Ербас А310 МедЕвак треба да лета од военото воздушно поле Келн-Ван до Жешов во југоисточна Полска и да транспортира деца и возрасни на лекување во Германија.

Тоа ќе биде прв лет за евакуација од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Градот Жешов е на околу 90 километри од украинската граница.

Во Германија веќе се лекуваат украински војници, но тие беа транспортирани на друг начин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.