Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска треба да се сретне со Владимир Путин како прв европски лидер што ќе се сретне со рускиот претседател откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари.

Во твит, Нехамер рече дека Австрија е „воено неутрална“, но дека има „јасна позиција за агресивната војна на Русија во Украина“.

Мораме да застанеме! Потребни ни се хуманитарни коридори, прекин на огнот и целосна истрага за воените злосторства, напиша тој.

Тој рече дека со тој разговор сакал да придонесе за дијалогот меѓу Украина и Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.