Германската радиодифузна канцеларија го забрани емитувањето на германската верзија на рускиот медиум РТ во Германија.

„Нема дозвола за емитување на оваа програма во Германија, ниту пак досега било поднесено барање за емитување“, се вели во соопштението на Комисијата за контрола и лиценцирање на јавниот пренос на радио и ТВ програми во Германија.

РТ (поранешен Russia Today) во Германија досега се емитуваше на неколку канали, како и преку Јутуб каналот. РТ се осврна на лиценцата за емитување во Европа издадена на оваа програма од властите во Србија.

Германската радиодифузна канцеларија дојде до заклучок дека РТ нема дозвола која би го оправдала емитувањето во Европската Унија.

Во меѓувреме, програмата РТ на германски јазик е отстранета од Јутуб, како и од сателитската програма Еутелсат.

„Тие не се ниту независни, ниту непристрасни“

Некои од условите за издавање дозвола за радиодифузија во Германија се непристрасност и независност од државни институции или политички партии. Меѓутоа, набљудувачите сметаат дека РТ е под директно влијание на рускиот државен врв, кој го користи овој канал за пропагандни цели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.