Германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин ги осуди плановите за формално признавање на независноста на проруските сепаратистички региони во Украина.

Пред да го потпише указот за признавање на т.н. Доњецката и Луганската народна република, Путин телефонски го информираше Шолц за намерата, на што германскиот канцелар остро се спротиставил и укажал дека со тоа се гршат Договорите од Минск и оти тоа претставува унилатерално кршење на Договорот од страна на Русија.

Полц побарал од Путин деескалација на ситуацијата и повлекување на руските војски од границата со Украина. Тој потенцира дека Русија е посебно одговорна за одржување на мирот во источниот дел на Украина.

Во моментов, Шолц спроведува консултации со блиските партнери како францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот шретседател Володомир Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.