Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок најави нов пакет санкции против Русија и порача дека рускиот претседател Владимир Путин ги прекршил основните права на меѓународниот поредок.
Денеска се разбудивме во друг свет. По неколкумесечни лаги и пропаганда, претседателот Путин одлучи да ги спроведе своите закани на дело. Со воениот напад на Украина, руската Влада ги прекрши елементарните права. Русија сама го избра тој пат – истакна Бербок во своето обраќање до граѓаните.
Таа потсети дека во изминатите месеци било направено се за да се најде дипломатско решение за кризата, но дека Русија не прифатила понуди за разговор.
Украинците не направија ништо што би го оправдало крвопролевањето – изјави Бербок.
Според неа, оваа војна има за цел да ја уништи надежта на граѓаните на Украина дека по децении „неслобода, ќе имаат право на демократија, мир и подобра иднина без угнетување“.
Претседателе Путин, никогаш нема да можете да го уништите тој сон. Незадоволството расте не само во Украина, туку и во вашата земја. Убедена сум дека многу луѓе во Русија се срамат што имиџот на земјата се уништува во името на Русија со скрупулозни убиства – изјави Бербок.
Таа посочи дека Европа не е беспомошна во оваа ситуација, бидејќи се подготвила за овие настани.
Заедно со нашите партнери ќе дејствуваме и ќе го усогласиме секој метар со Украина. Ќе се координираме во рамките на ЕУ, НАТО и Г7. Ќе биде усвоен пакет масовни санкции против Русија – најави таа.
Бербок истакна дека ниту една земја во светот не може да прифати посилниот сосед да го нарушува суверенитетот на една земја.
Преку дипломатски мрежи ќе им се обратиме на сите држави кои веруваат во меѓународното право да се спротивстават на оваа агресија – нагласи таа.
Бербок ги повика сите германски граѓани веднаш да ја напуштат Украина.
Оваа војна во непосредното соседство ќе има последици и за нас. Санкциите против Русија, растот на цените, падот на вредноста на акциите ќе имаат последици и за Германија. Ние не ја избравме таа ситуација, но не можеме и не сакаме да се повлечеме. Европскиот поредок на мирот е основа за мир и просперитет. Ако сега не постапиме одлучно, ќе платиме уште повисока цена – изјави Бербок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.