Германија ја обвини Русија дека ги користи проблемите со турбината како изговор за ограничување на протокот на гас низ гасоводот Северен тек 1.
Руската државна енергетска компанија „Газпром“ го прекина снабдувањето во последните недели, обвинувајќи ги дефектите на гасната турбина што беше на поправка.
Сепак, Германија не верува во тоа објаснување и смета дека Кремљ ги намалува испораките како одмазда за западните санкции.
Би сакала да нагласам дека, според нашите информации, тоа е само изговор од руската страна, рече портпаролката на германското Министерство за економија.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска тврдеше дека Газпром ќе ги исполни сите свои обврски во целост, а Северен тек 1 треба да продолжи со работа утре, но предупреди дека друга гасна турбина треба да оди на одржување на крајот на месецот, што може да предизвика дополнителни прекини во снабдувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.