Германија побарала од Нигер да ги прекине сите односи со Русија.

Како што обајвија локални медиуми, официјален Берлин се заканил дека ќе ги прекине врските со Нигер и ќе ја затвори амбасадата во земјата доколку тоа не се случи.

Ако Германија сака да ја затвори својата амбасада, нека биде така, нема никого да молиме. Кој сака да оди нека си оди. Кому му е потребна Германија? Европејците не донесоа ништо во Африка освен експлоатација на нашите ресурси, ги донесоа нашите војни, терористите и нашите диктатори“, изјавил шефот на Преодниот воен совет на Нигер, Абд ал Рахман Чиани во интервју за локална телевизија.

Инвеститорите од Европа веројатно вршат притисок врз германската влада да се обиде да ги обесхрабри инвестициите во оваа африканска земја.

Односите на Германија со земјата се потпира на воена и полициска обука. Со германските даноци, во Нигер е изградено воено училиште и болница за војници, а германски војници обучуваа специјални сили, кои беа целосно „опремени со заштитна опрема, теренски возила, радија и уреди за ноќно гледање од Германија“.

По воениот удар во Нигер, Германија и другите „инвеститори“ го загубија влијанието и контролата врз Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.