Плановите на германското Министерство за одбрана предвидуваат нова командна структура на армијата како дел од одговорот на Берлин на војната во Украинa.
Извори цитирани од агенцијата ДПА наведуваат дека Министерството им соопштило на водечките пратеници дека руската воена операција во Украина покажала дека командната структура на армијата треба да биде повеќе ориентирана кон барањата на националната одбрана и одбраната на германските сојузници.
Новата структура предвидува армијата да има два командни центри со различни задачи.
Генерал-мајор Карстен Брејер, кој го предводеше кризниот штаб на канцеларот за време на пандемијата на корона вирусот, ќе ја предводи изградбата на структурата на новиот систем и ќе биде првиот командант на новиот Команден центар за национална одбрана, што треба да стапи на сила во април следната година и ќе се занимава со важни задачи во германските вооружени сили.
Оперативната команда во Швиловзе, во близина на Потсдам, истовремено ќе продолжи да ги води странските мисии на германската армија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.