Германија планира на НАТО да му понуди трупи, системи за противвоздушна одбрана и воени бродови за зајакнување на источното крило на Алијансата, откако Русија ја нападна Украина, објави германскиот неделник „Шпигел“, не наведувајќи извори.

Весникот пишува дека Германија би можела навремено да испрати пешадиска чета со околу 150 војници и десетици оклопни транспортери „Бокер“, како дел од пакетот што армијата планира да и го предложи на министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

Германија, исто така, планира да понуди и противвоздушни ракетни системи „Патриот“, како и корвета и фрегата, кои треба да бидат повлечени од други мисии во Медитеранот, додека еден извидувачки брод со сензорска технологија веќе е на пат кон Балтичкото Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.