Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека земјата нема да дозволи субвенции за електрична енергија за индустријата во зимскиот период.

Според него, државата не може да си дозволи трајни субвенции за цената на струјата.

Тоа би било економски погрешно, фискално неисправно и секако би создало погрешни стимулации, рече Шолц.

Тој пред неколку дена истакна дека поважно од субвенциите е трајно да се намали цената на струјата.

Шолц и претходно зборуваше на оваа тема, па пред неколку месеци најави дека клучот за намалување на цените на енергијата за германската индустрија е да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори.

Министерот за економија Роберт Хабек смета дека намалената цена на струјата за индустријата треба да важи ограничен временски период за компаниите кои се особено енергетски интензивни и во голема мера се изложени на меѓународна конкуренција.

Германските индустријалци постојано предупредуваат дека цените на електричната енергија се превисоки во споредба со другите земји, што ја става германската тешка индустрија во, како што велат, структурно неповолна положба во споредба со другите производствени центри како што се САД и Кина.

Германското Министерство за економија на чело со Роберт Хабек претходно објави план за субвенционирана цена од шест центи за киловат час до 2030 година.

Сепак, Министерството за финансии на коалициската влада на Шолц се откажа од шемата за субвенционирање, со образложение дека таа не се вклопува во буџетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.