Германија наскоро ќе престане да биде индустриска сила, пишува „Блумберг“.

Иако беа избегнати најлошите сценарија, како на пример останување без греење во домовите и ограничувања за користење на гас, цените остануваат повисоки отколку во другите земји, пишува во текстот.

Основните гранки на германската индустрија се во опаѓање. САД се оддалечуваат од Европа и почнуваат да се натпреваруваат со своите трансатлантски сојузници. Кина станува сериозен ривал и повеќе не купува германски стоки толку често. Најголемиот удар за производителите на тешката индустрија е прекинот на снабдување со големи количини евтин руски гас“, анализира Блумберг.

Во статијата се додава дека заедно со надворешните фактори, внатрешните превирања во Германија, вклучително и недостатокот на инвестиции во различни сектори и стареењето на работната сила, само ја влошуваат ситуацијата за официјален Берлин.

Се затвораат најстарите фабрики и фирми во земјава, пишува авторот.

Во истовреме, за тешката состојба на индустријата во Германија пишува и „Билд“, од каде алармираат дека германската економија „се сели“ во други земји.

Во текстот на „Билд“ се наведува дека најголемите проблеми се поврзани со цените на енергијата. Затоа, плановите на локалните корпорации и индустрии за мигрирање во странство се интензивираат.

Во овој момент, двојно повеќе компании ја напуштаат земјава во однос на 2022 година (кога беше 16%), пишува „Билд“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.