Германскиот медиум „Тагешау“ објавува дека германскиот индустриски концерн „Рајнметал“ ќе испорача уште 14 тенкови Леопард 2А4 во Украина во име на холандската влада.
Договорот го постигнале претставници на Данска, Холандија и Германија. Во рамки на договорот се предвидува првиот од тенковите Леопард 2А4 купени од други земји да биде испорачан во Украина во јануари 2024 година.
Сите други тенкови постепено ќе бидат предадени во текот на 2024 година, за што Украина веќе го дала својот потпис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.