Германија го забрани емитување на германската верзија од рускиот канал „РТ“ (поранешна „Раша Тудеј“) во земјата, соопштија од германскиот медиумски регулатор.

Забрането е емитување на телевизиската програма „РТ ДЕ“, која сè уште може да се гледа на веб страницата и мобилната апликација. Причината е тоа што неопходното овластување, согласно законот за медиуми, не е ниту побарано, ниту доделено – наведуваат од федералната агенција ЗАК.

На 17 декември, германскиот медиумски регулатор МАББ почна истрага против „RT DE Productions GmbH“, откако РТ го објави лансирањето на новинскиот канал на германски јазик РТ ДЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.