Германската владата поради намалените испораки на рускиот гас поради проблемот со турбините на „Siemens“ од гасоводот Северен тек кои Канада поради антируските санкции одбива да ги врати од ремонт, го покрена вториот од трите степени од планот за снабдување со гас во вонредни ситуации, објави во четвртокот министерството за економија.
Снабдувањето (со гас) во моментов е сигурна, меѓутоа ситуацијата и натаму е напната, соопштија од германското министерство.
Според дефиницијата, вториот ткн алармантен степен во рамки на планот за снабдување со гас и во вонредни ситуации, се активира кога има пречки во снабдување со гас или засилената на побарувачката. Во овој втор степен, државата сѐ уште не интервенира туку му препушта на пазарот да ја регулира ситуацијата.
Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека цените на гасот дополнително ќе растат, што ќе го почувствува индустријата и приватните корисници.
Мораме да се прилагодиме на натамошни скокови на цените, рече Хабек.
Но ја обвини Русија за „економски напад“ поради намалувањето на протокот на гасот преку гасоводот Северен тек 1.
При третиот степен државата контролира дистрибуцијата на гасот и го намалува протокот, при што домаќинствата како и објектите од посебно значење како што се болниците, посебно се заштитени од редукцијата.
Министерот Хабек рече дека главна цел останува пополнувањето на резервоарите со гас до почетокот на зимата, што моментално, како што рече, без дополнителни мерки нема да биде возможно.
Ние мораме да сториме сѐ за со пополнети резервоари ја дочекаме зимата, рече Хабек.
Покренувањето на вториот степен од планот за снабдување со гас во вонредни ситуација, на владата ѝ овозможува засилено активирање на термоцентралите на јаглен од кои поради борбата на владата во која се зелените против климатските промени, полека се откажуваше последните години.
За Германија гасоводот Северен тек 1 е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот Јамал-Европа. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина, откако тамошниот државен оператор одби да ги прима гасот преку вториот транзитен јазол.
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ од 16-ти јуни ги намали испораките на природен гас во Европа преку гасоводот Северен тек на 67 милиони кубни метри дневно наспроти планираните 167 милиони кубни метри поради доцнењето на враќањето на турбината од компресорската станица „Портоваја“.
Опремата, за којашто е задолжена германската компанија „Siemens“ е ремонтирана во погоните „Siemens Energy“ во канадски Монтреал, но властите во Отава не дозволуваат таа да биде вратена во Русија поради санкциите. Функционирањето на другата гасна турбина го запре рускиот регулатор Ростехнадзор, бидејќи истекувал периодот за нејзиното одржување.
Така, во моментов има две рути за испорака на руски гас во Европа, 42 милиони кубни метри дневно преку Украина и 67 милиони кубни метри дневно преку Северен тек.
Канада е во преговори со Германија за надминување на последиците од одлуката на Отава да не ја испорача поради санкциите против Русија турбината за гасоводот Северен тек поради што драстично се намалени испораките на природен гас, изјави за деловната агенција Bloomberg, канадскиот министер за природни ресурси Џонатан Вилкинсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.