Министерката за надворешни работи Аналена Баербок повтори дека Германија е за ембарго на нафта против Русија.Германија сега е „подготвена“ да се снаоѓа без руска нафта неколку години, изјави таа за јавната телевизија АРД.
Новите договори за снабдување со нафта значително ја намалија зависноста на Германија од Русија – додаде Баербок.
Уделот на руската нафта што се користи во Германија се намали од 35 отсто на 12 отсто во период од неколку недели, според владата. Со германското „да“ за ембаргото за нафта, расте притисокот врз преостанатите земји-членки на ЕУ за кои се сметаше дека ја одолговлекуваат дискусијата. На посебен состанок во Брисел денеска министрите за енергетика на ЕУ ќе разговараат за прекинување на руската испорака на гас за Полска и Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.