Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги пречекува лидерите на групата најразвиени светски демократии на почетокот на тридневниот самит на Баварските Алпи, во сенка на војната во Украина и нејзините последици како што се поскапувањето на енергенсите и храната.
Самитот се одржува во Елмау, со многу помрачен тон отколку кога лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД се состанаа за првпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19 минатата година.
Глобалниот пораст на цените на енергијата и храната, една од последиците на војната во Украина, негативно влијае на економскиот раст.
Се очекува лидерите на Г-7 да покажат единство во поддршката на Украина и да продолжат да вршат притисок врз Кремљ онолку долго колку што е потребно, иако ќе избегнат санкции кои би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го отежнат животот на нивните граѓани.
Главната порака треба да биде да се држиме заедно дури и во тешки времиња – најави претставникот на ЕУ.
На самитот се очекува лидерите на Г-7 да договорат забрана за увоз на злато од Русија. Тие, исто така, ќе разговараат за мерките за спречување на порастот на цените и за замена за руската нафта и гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.