Германија е во потрагата по работна сила има намера да се насочи и кон земјите надвор од Европа, како Бразил, Мексико и Индонезија, изјави министерот за труд Хубертус Хеил за саботното издание на дневниот весник Neue Osnabruecker Zeitung.
„Ние, заедно со претставниците на стопанството, работиме на стратегија во земјите во кои на пазарот на трудот се наоѓаат многу повеќе млади и добро квалификувани работници отколку што тамошните пазари на трудот може да апсорбираат“, вели во интервјуто министерот Хеил од Социјалдемократската партија на Германија(SPD).
Министерот вели дека притоа ќе се стави внимание на тоа на тамошните домашни пазари на трудот да не им се одземаат потребните стручњаци. Хеил тврди дека станува збор за „вин-вин“ ситуацијата.
„Ние профитираме, но профитираат и земјите на потеклото. Ние ќе вложуваме во стручното оспособување на младите и на лице местото, а луѓето коишто ќе дојдат во Германија ќе профитираат од добро платеното работно место коешто им отвора моќноста да ги финансираат семејствата дома“, вели германскиот министер за труд.
Заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок во јуни Хеил треба да отпатуваат во Бразил за да ја разгледаат можноста за доаѓање на поголем број негувателки и негуватели кои се многу потребни на германскиот пазар на трудот.
Откако слични договори минатите години беа склучени со некои централно и југоисточни европски земји, такви договори Германија би требало да склучи покрај со Бразил и со Мексико и со Индонезија, а Хеил со истата цел во февруари престојуваше во Гана.
Како што известува јавниот информативен сервис ARD, германската влада разговорите за привлекување работна сила води и со Колумбија, Тунис, Мароко, Египет, Индија, Филипини и Виетнам.
Голем недостиг од квалификувани негуватели
Покрај квалификуваната работна сила во областа на негата, од споменатите земји би требало да дојат и другите работници барани на германскиот пазар на трудот.
Како што објави Институтот за германското стопанство (IW), кон крајот на минатата 2022 година во агенциите за вработување во Германија имало пријавено повеќе од 630.000 работни места коишто било невозможно да се пополнат поради недостигот од одредена работна сила.
На сто отворени работни места во секторот туѓа нега доаѓаат само 33 соодветни квалификувани работници. Но истовремено, претседателот на Фондацијата за заштита на пациентот, Еуген Бриш, го критикува масовниот увоз на негувателки и негуватели и укажува на тоа дека потенцијалот за полесно пополнување на отворените работни места во секторот нега постои и сега во Германија, но дека е потребно да се подобрат условите за работа, за тој потенција да се искористи и работните места да бидат поатрактивни.
„Неколку стотини негувателки од Бразил нема да го реши овие проблем. Потребно е подобрувањето на условите во овој сектор“, вели Бриш и предупредува дека многу досегашни негуватели и негувателки се преквалификувале за помалку стресни и подобро платени занимања.
Се проценува дека приватниот сектор на туѓа нега веќе сега колабирал без многу работници од источна Европа кои се вработени во домаќинствата. Просечната годишна бруто плата во овој сектор изнесува 40.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.