Седум од 10 Германци трошат помалку енергија поради највисоката инфлација во повеќе децении, а половина од нив ги намалија трошоците за слободни активности, покажа истражување.
Во април бројот на оние кои трошеле помалку енергија изнесува 63 отсто, според анкетата на Infratest dimap за телевизијата АРД, каде испитани се 1.273 граѓани.
Домаќинствата со пониски приходи најмногу ги менуваат своите навики. Па така, две третини од нив ги намалиле дневната потрошувачка и таа на слободни активности и одмор, јави ДПА.
Повисоките животни трошоци ги променија и приоритетите на домаќинствата со просечни примања. Буџетот за слободни активности е намален кај 50 отсто од нив, покажаа податоците од истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.