Истражувањето спроведено во Германија покажа дека довербата во демократијата во земјата е намалена и дека 23 отсто од граѓаните сметаат дека земјата е на пат кон диктатура, јави Анадолија.
Анкетата спроведена од Институтот ИНСА покажа дека довербата во владата ослабела за време на пандемијата Ковид-19, пишува германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.
Беше посочено дека некои размислуваат дури и да ја напуштат државата, а 23 отсто од граѓаните сметаат дека Германија е на пат кон диктатура.
Извршниот директор на INSA Херман Бинкерт прецизираше дека 20 отсто од оние што живеат на запад и 30 отсто од оние што живеат на исток на земјата веруваат дека демократијата е загрозена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.