Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, објави видео за кое вели дека е направено во руската област Омск.

„Во областа Омск, селото Болшеречје, група мобилизирани мажи се бореше со полицијата и руската војска. Демонстрантите ги удираа полицајците и извикуваа дека не сакаат да одат и да умрат во рововите“, напиша Антон Герашенко, пренесуваат агенциите.

Истите потсетуваат дека Владимир Путин на 21 септември најави делумна мобилизација во Русија, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу потоа најави дека ќе бидат мобилизирани 300.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.