Цените на нафтата денеска се искачија на 91 долар на меѓународните пазари, поттикнати од загриженоста за снабдувањето поради геополитичките ризици во Источна Европа и на Блискиот Исток.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 87 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 90,90 долари. Договорите за испораки во март истекуваат во текот на денот. Според поактивни договори за снабдување во април, се тргуваше по 51 цент повисока цена, од 89,03 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 47 центи поскапо, по 87,29 долари. Цените на барелот во петокот накратко го достигнаа највисокото ниво од октомври 2014 година, во Лондон на 91,70 долари и на американскиот пазар на 88,84 долари. Јануари би можел да заврши со плус 17 проценти, што е највисоко од февруари 2021 година.
Цените се резултат од тензиите околу Украина и стравувањата дека Западот ќе воведе санкции кон Москва во случај на руска инвазија на соседна земја.
„Цените на нафтата денеска дополнително ја зголемија загриженоста за можното нарушување на снабдувањето поврзано со кризата во Украина“, изјави Карстен Фрич од Комерцбанк.
Шефот на НАТО вчера рече дека Европа мора да го диверзифицира снабдувањето со енергија, а Велика Британија предупреди дека Русија „многу веројатно“ размислува за инвазија на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.