Главниот извршен директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека има многу благи симптоми.
Бурла (60) соопшти дека почнал со терапија со користење на антиковидовиот лек на компанијата „Пакловид“ и дека согласно мерките на претпазливост за јавното здравје е во изолација.
Уверен сум дека брзо ќе закрепнам – се вели во соопштението на Бурла.
Бурла прими четири дози од вакцината против Ковид развиена од „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“.
Неколку американски јавни личности беа позитивни на корона вирусот во последните неколку месеци, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и неговиот главен медицински советник, д-р Ентони Фаучи, потсетува „Ројтерс“.
Бајден помина повеќе од две недели изолиран во Белата куќа откако во два наврати беше позитивен на тестот за ковид-19.
„Пакловид“ е лек за корона вирус кој се користи за лекување на луѓе со висок ризик, како што се повозрасни пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.