Според милијардерот Бил Гејтс, каматните стапки веројатно ќе се зголемат доволно за да предизвикаат глобално економско забавување предизвикано од руската инвазија на Украина и последиците од пандемијата на коронавирус.
Милијардерот филантроп и ко-основач на Мајкрософт рече дека војната во Украина, која доведе до нагло зголемување на цените на суровините, се случува покрај пандемијата, „кога нивоата на државниот долг веќе беа доста високи и веќе имаше некои проблеми во синџирот на снабдување“.
Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Индија, почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да се справат со забрзаната инфлација. Ова „на крајот ќе доведе до економско забавување, рече Гејтс, чие богатство од 123 милијарди долари го прави четвртиот најбогат човек во Индексот на милијардери на Блумберг.
Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите очекувања за глобален економски раст со најмногу од првите месеци на пандемијата и предвиде уште побрза инфлација поради војната во Украина и новите блокади во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.