Рускиот државен енергетски гигант Газпром во неделата се закани дека ќе го запре извозот на природен гас во Европската унија доколку Унијата воведе ограничување на цената на горивото, објави Ројтерс, повторувајќи го сличното предупредување од рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец.
Г7 – во која се вклучени САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија – и ЕУ се во дискусии за воведување ограничувања на цените на руската нафта и природен гас. Алексеј Милер, извршниот директор на Гаспром, ги опиша ограничувањата како „еднострана одлука“, за Ројтерс.
„Таквата еднострана одлука е секако кршење на постоечките договори, што би довело до прекин на испораките“, рече Милер на руската државна телевизија, за Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.