Рускиот гигант Газпром денеска соопшти дека се прекинати сите испораки на гас за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да плаќаат во рубљи, јави Би-Би-Си.

Полските и бугарските добавувачи на гас претходно информираа дека примиле официјални известувања од Газпром за прекинот на испораките.

Изјавата на Газпром дојде откако податоците утринава покажаа дека испораките на Полска преку Белорусија привремено паднале на нула пред да продолжат.

Бугарската гасоводна мрежа, исто така, соопшти дека утрово сè уште добива руски гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.