Резервите на гас во подземните складишта во Европа и Украина се на историски минимум, соопшти рускиот производител на гас „Газпром“. Повеќе од 70 отсто од волумените на гас, испорачани таму во текот на летната сезона, се испумпани од европските складишта, соопшти компанијата.

Од 11 јануари 2022 година, нивоата на резерви во подземните капацитети за складирање гас во Европа достигнаа рекордно ниско ниво за повеќегодишниот период на мониторинг. Заклучно со 22 јануари резервите се веќе за 85 милијарди кубни метри помалку од минималниот показател, се наведува во соопштението.

Стапката на искористеност на украинските складишта за гас е исто така на минимално ниво, бидејќи на 22 јануари резервите се намалија на 12,1 милијарди кубни метри, што е за 44,6 отсто (9,7 милијарди кубни метри) помалку во споредба со минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.