Холандската компанија „Гас Тера“ (GasTerra) нема да добива гас од руски „Газпром“ од 31 мај, откако одби да плати во рубљи, што е услов на Москва, објавија денеска двете компании.
Гас Тера, која купува и продава гас за холандската влада, објави дека договорила од друго место да набави две милијарди кубни метри гас, што требаше да ги добие од „Газпром“ во октомври.

 

 

„Одлуката нема да има никакви последици на испораката на гас во холандските домаќинства“, објави холандскиот министер за енергетика Роб Јетен на Твитер.

Во соопштението на „Гас Тера“ се наведува дека холандската компанија одлучила да не ги прифати руските услови, вклучително и отворање сметка за плаќање во евра, кои потоа ќе се заменат за рубљи.

„Газпром“ најави дека прекинот на испораките на гас на „Гас Тера“ ќе продолжи се додека исплатата не се изврши на начин што го предлага Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.