Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска во Ерусалим изјави дека армијата „не планира да го контролира животот во Појасот Газа“ откако Израел ќе ја уништи палестинската екстремистичка организација Хамас.
Таа изјава на Галант, пред членовите на израелскиот парламент на Кнесет, е прва дадена од израелски лидер за долгорочните планови за Газа.
Галант изрази очекување дека израелската војна против Хамас, кој владее со Појасот Газа, ќе помине низ три фази.
Првата фаза го вклучува нападот на Хамас во Газа од воздушни и копнени маневри, втората ќе биде победа над „џебовите на отпорот“ и третата ќе биде прекин на „одговорноста за живот во Појасот Газа“, рече Галант.
Војната меѓу Израел и Хамас трае од 7 октомври и се смета за најсмртоносна од петте војни во Појасот Газа за двете страни.
Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека на таа територија загинале 4.137 Палестинци, а повеќе од 13.000 се ранети.
Повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел за време на првичните напади на 7 октомври, кога милитантите на Хамас упаднаа во јужен Израел, пробивајќи ја граничната ограда. Според израелската војска, се верува дека Хамас заробил 203 лица и ги однел во Појасот Газа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.