Долгорочниот ангажман за безбедноста на Украина, што денеска ќе го усвојат земјите од Г7, ќе и покаже на Русија дека времето работи против неа, изјави советничката за европски прашања во Белата куќа, Аманда Слоат.
Планот ќе и помогне на Украина да изгради војска, која ќе може да се одбрани и да го одврати секој иден напад, наведе Слоат, додавајќи оти се работи за „долгорочна инвестиција“.
Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Г7 (Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Канада) ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од Самитот на НАТО во Вилнус и ќе презентираат пакет кој содржи безбедносни гаранции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.