Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ја повикаа Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

-Тие го изразија своето огорчување поради смртта на Навални во затвор, „неправедно осуден за неговите легитимни политички активности и неговата борба против корупцијата“, се вели во соопштението на Италија, која во моментов претседава со Г7.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД денеска се сретнаа во Минхен.

Руската затворска служба објави дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал во петокот по прошетката во казнената колонија каде издржувал 30-годишна затворска казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.