Групата од седум индустриски најразвиени земји Г7 ќе ја испита можноста за користење на идните приходи од замрзнатите руски средства за помош на Украина, пишува во нацрт заедничката изјава на министрите за финансии на земјите од Г7, во која имаше увид новинската агенција Ројтерс.
Групата Г7 е името на консултативниот форум на седумте најважни индустриски земји во светот. Се состои од премиерите на САД, Канада, Јапонија, Германија, Италија, Франција и Обединетото Кралство.
Г7 замрзна околу 300 милијарди долари од руските средства набргу откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Постигнуваме напредок во нашите дискусии за потенцијалните начини за добивање извонредна добивка што произлегува од блокираните руски државни средства во корист на Украина“, се вели во нацрт-изјавата, објави Ројтерс на 25 мај.
Нема да има големи промени пред конечната верзија која ќе биде објавена подоцна денеска, изјави дипломатски извор од Г7 за Ројтерс.
На министрите од Г7 ќе им се придружи и украинскиот министер за финансии Серхи Марченко. Министрите за финансии и гувернерите на централните банки, на состанокот во Стреса, северна Италија, каде имаат за цел да ги претстават опциите за финансирање на Украина што ќе ги разгледаат лидерите на Г7.
Тие ќе разговараат за ова прашање на самит во средината на јуни, се вели во соопштението.
Во согласност со нашите правни системи, руските суверени средства во нашите јурисдикции ќе останат блокирани додека Русија не ја плати штетата што и ја нанесе на Украина, се вели во соопштението.
Растечката извозна моќ на Кина и она што министрите на Г7 го нарекуваат нејзиниот индустриски „прекумерен капацитет“ се другите клучни теми на дводневниот собир во северниот италијански град Стреса.
Загрижени сме поради сеприсутната употреба на непазарните политики и практики од страна на Кина кои ги поткопуваат нашите работници, индустрии и економската отпорност, се вели во соопштението.
Ќе продолжиме да ги следиме потенцијалните негативни ефекти од прекумерниот капацитет и ќе разгледаме преземање чекори за да обезбедиме рамноправни услови за игра за сите, во согласност со принципите на Светската трговска организација (СТО), се додава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.