Висок воен функционер на НАТО тврди дека Русија бавно напредува во Украина во обид да остави време за преговори, јави Си-Ен-Ен.

„Тие имаат проблеми“, објасни официјалниот претставник, укажувајќи на најновите разузнавачки информации на алијансата.

„Им недостига гориво, тие продолжуваат да успоруваат и моралот е очигледно проблем“.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на нивните војници им е наредено да ја продолжат својата офанзива „во сите правци“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.