Долниот дом на францускиот Парламент синоќа со огромно мнозинство гласови во прво читање ја прифати владината реформа, чија цел е да се вметне во Уставот „гарантираната слобода“ на жените да ја прекинат бременоста.

Одлуката беше поддржана од 493 пратеници, додека 30 беа против.

Министерот за правда Ерик Дупонд-Морети изјави дека сега е ред на францускиот Сенат да го усвои текстот.

За измената на Уставот да стапи на сила Сенатот, во кој доминираат десницата и центарот, треба да го усвои текстот таков каков што е, без измени, иако има несогласувања на мнозинската десница за некои формулации од реформата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.