Два реактори во нуклеарната централа Шинон во западна Франција се затворени поради пожар, се наведува на веб-страницата на француската управа за нуклеарна безбедност.

Според објавата, пожарот избувнал во петокот доцна навечер во трансформаторот на третиот реактор „надвор од контролираната зона“.

Оваа нуклеарна централа со своите четири реактори обезбедува 5,4% од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија во Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.