Францускиот премиер во оставка, Габриел Атал, изјави дека во Франција се отворени 232 места за вакцинација, како дел од борбата против можна епидемија на мајмунски сипаници.

Атал додаде дека ветува оти ќе има 100.000 дози вакцини за најзагрозените земји.

Подготвени сме да се соочиме со сите сценарија и ризици“, објави Атал на платформата X.

Досега, во Франција не се регистрирани случаи на инфекција со мајмунски сипаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.