Водечките компании во прехранбениот сектор во Франција ветија дека од јули ќе ги намалат цените на стотици производи, соопшти денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер, заканувајќи им се со финансиски санкции доколку го прекршат ветувањето.

 

– Им порачувам на Французите дека во јули цените на одредени производи ќе се намалат, изјави Ле Мер за ТВ BFM, најавувајќи проверки и санкции за компаниите што не го почитуваат договорот.

 

Ден претходно, министерот се сретна со претставници на 75 компании кои покриваат 80 отсто од потрошувачката на храна во Франција.

Во групата производи што ќе поевтинат, министерот ги издвои тестенините, живината и маслото.

 

– Ќе добијам листа од стотици производи (што ќе бидат поевтини) следната недела, додаде Ле Мер, предупредувајќи дека доколку некои прехранбени компании не го одржат ветувањето, „(нивните имиња) ќе бидат објавени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.