Франција одлучи да и достави на Украина ракети со долг дострел за да може да се брани од руски напади, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон во пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус.
Решив да ги зголемам испораките на оружје и опрема за Украина, за да им овозможам да вршат напади длабоко на територијата. Во исто време, ние се придржуваме до нашата доктрина, која има за цел да и овозможи на Украина да ја брани својата територија – рече тој.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков зборувајќи за плановите на Франција рече дека тоа е погрешна одлука.
Секако, останува да се открие за каков дострел се работи. Од наша гледна точка, тоа е погрешна одлука, која ќе има последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе нè принуди да преземеме контрамерки, изјави Песков, пренесоа руски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.