Воениот буџет на Франција во 2025 година ќе се зголеми за повеќе од 3 милијарди евра, на 50,5 милијарди, и покрај севкупното значително намалување на буџетските расходи, покажува презентираниот проект-буџет.

Во 2030 година, пак, буџетот на француското Министерство за одбрана треба да порасне на 67,4 милијарди (од 32 милијарди во 2017 година, кога Макрон дојде на власт).

Шефот на Министерството за одбрана ја нарекува 2025 година одлучувачка година во однос на повторното вооружување: воздухопловните сили треба да добијат 14 авиони „Рафал“ и 12 ажурирани „Мираж 2000-Д“, морнарицата – брод за снабдување, копнените сили – 4 патролни летала, 308 оклопни возила и 8 илјади митралези, 16 милијарди ќе бидат наменети за производство на муниција, армијата ќе добие противвоздушни ракети „Мистрал“, „Мика“ и „Астер“, противтенковски ракети со краток дострел, како и крстосувачки ракети „Скалп“, од кои десетици се испратени во Украина, а се планира набавка и на тешки торпеда.

Истовремено, буџетот на Министерството за труд е намален за 2,3 милијарди, а средства ќе загуби и Министерството за образование каде што ќе бидат отпуштени четири илјади наставници, а намалени се и средства за регионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.