Франција во текот на овој месец ќе биде домаќин на меѓународна конференција чија цел е да овозможи собирање хуманитарна помош за Либан и да придонесе за зајакнување на безбедноста во јужниот дел на земјата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Во следните неколку недели ќе одржиме конференција насочена кон олеснување на хуманитарната помош, поддршка на меѓународната заедница и давање поддршка на либанските вооружени сили за зајакнување на безбедноста таму, особено во јужен Либан, рече Макрон по состанокот на претставниците на франкофонијата – земји во кои се говори францускиот јазик- што се одржа во Париз.

Во последните две недели Израел почна со интензивни бомбардирања на Либан и изврши инвазија во јужниот дел од оваа земја, по речиси една година конфликт со либанската група Хезболах.

Борбите претходно беа главно ограничени на израелско-либанската погранична област и се одвиваа паралелно со едногодишната инвазија на Израел во Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.