Франција ја засили контролата на дел од границата со Германија поради Африканската свинска чума (АСК) што се шири помеѓу дивите свињи во поголемиот дел од Европа.
Зголемениот надзор се воведува поради загриженоста за можното внесување на болеста во Франција, што може да има катастрофални ефекти врз свинската индустрија во земјата и потенцијално да ги наруши синџирите за снабдување со храна.
Вирусот, кој е безопасен за луѓето, но смртоносен за свињите, изминатите години се шири кон Западна Европа, а откриени се случаи и во близина на Франција, Белгија и Италија.
Ширењето на болеста во Германија ја наруши големата свинска индустрија во земјата, а многу прекуокеански земји воведоа забрани.
Од епидемија на АСК изминатите години погодени се и азиските држави, што предизвика големи загуби во бројот на свињи во Кина и во Виетнам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.