Франција на 29 септември побара од Израел веднаш да прекине со нападите врз Либан. Во соопштението на француското министерство за надворешни работи е наведено дека се противи на секаква копнена операција во таа земја.

Се повикуваат други фактори, посебно (исламистичкото либанско движење) Хезболах и Иран да се воздржат од секаква акција која може да доведе до дополнителна дестабилизација и ширење на конфликтот во регионот, се вели во соопштението на француското министерството за надворешни работи.

Хезболах се смета за терористичка организација од САД, иако Европската унија го стави само на црната листа вооруженото крило, не и политичката партија.

Израелската војска минатиот понеделник почна со кампања за бомбардирање на цели на Хезболах во Либан, по една година размена на оган преку границата меѓу јужен Либан и северен Израел, што предизвика населението во северен Израел да избега на југ за да се засолни.

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала е убиен вчера во воздушен напад во близина на Бејрут.

„Безбедноста и заштитата на цивилите во Либан, како и во Израел треба да бидат гарантирани“, соопштено е во Париз, но името на Насрала не беше спомнато.

Либанската ескалација доаѓа кога израелската војна во Газа се приближува на една година од нејзиниот почеток. На 7 октомври лани милитатнтаната група Хамас, која е означена како терористичка од САД и ЕУ, започна прекуграничен напад во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе во Израел, од кои многумина цивили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.