Портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Франсоа Делмас, упати апел до белоруските власти за ослободување на сите неправедно притворени политички затвореници.

Го осудуваме продолжувањето на репресијата, што сè повеќе ги погодува мажите и жените ангажирани во граѓанското општество, репресија врз тие кои сакаат слободни избори, посочи Делмас.

Тој истакна дека со „континуираното зајакнување на репресијата врз слободните медиуми Белорусија ги крши преземените меѓународни обврски“.

Апелот на Париз уследува откако на 9 јануари во Минск почна судски процес против неколку вработени во информативниот сајт на независни белоруски медиуми „Тут.би“ (Tut.by), меѓу кои и главната уредничка Марина Золотова и генерална директорка на порталот Људмила Чекина.

Судскиот процес се одвива зад затворени врати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.