Францускиот претседателски кандидат од екстремната десница, Ерик Земур, е казнет со 10.000 евра поради поттикнување расна омраза. Земур е казнет за изјава во која младите мигранти ги нарекол убијци, крадци и силувачи.
Тужбата се заснова на забелешките кои ги кажал на десничарскиот канал „СиЊуз“ во 2020 година, а се однесува на мигрантите кои пристигнуваат како деца без придружба
Тие немаат причина да бидат тука, тие се крадци, тие се убијци, тие се силувачи, тоа е сè што прават, треба да бидат вратени назад – рекол Земур.
Ерик Земур, кој е поранешен политички коментатор, на претседателските избори во април ќе се трка со кандидатката на десницата Марин Ле Пен и конзервативната Валери Пекрес против актуелниот претседател на десниот центар Емануел Макрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.