Полицијата во Абу Даби потврди дека утринава избувнал пожар, кој довел до експлозија на три цистрерни со нафта во индустрискиот дел на овој емират.

Мал пожар избувнал и на градилиштето на меѓународниот аеродром во Абу Даби, соопшти полицијата, а пренесе локалната државна новинска агенција.

Експлозијата на танкери со нафта во Абу Даби и пожарот на градилиштето на новиот аеродром во Емиратот утрово биле потенцијално предизвикани од беспилотни летала, се вели во соопштението на полицијата на Абу Даби, пренесено од официјалната новинска агенција ВАМ.

Пожарите се ставени под контрола, а воздушниот сообраќај не е засегнат. Не е забележана значителна штета, а започната е целосна истрага за причините за пожарот.


Јеменските Хути, поддржани од Иран, велат дека извршиле напад врз ОАЕ, пренесува „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.