Во Франција денеска се одржува вториот круг од парламентарните избори. Кампањата заврши на полноќ во петокот со речиси борбен тон меѓу претседателот Емануел Макрон (Заедно) и левичарскиот сојуз на Жан-Лук Меланшон, кои се рамо до рамо по првиот круг на 12 јуни.

Вториот круг одлучува дали, два месеци по неговиот реизбор за втор петгодишен мандат, на 24 април, Макрон по изборите ќе има апсолутно или просто мнозинство во Националниот парламент.

Првиот круг од парламентарните избори во Франција минатата недела беше шок за претседателот Макрон: кандидатите од неговата владејачка партија претрпеа големи загуби и беа на ниво на нивните политички противници од обединетата левица. Оваа недела во елиминацискиот втор круг ќе биде возбудлив, бидејќи неизвесно е дали партијата на претседателот ќе го постигне владејачкото мнозинство во Националното собрание.

Без мнозинство, партијата на претседателот Макрон би можела да зависи од гласовите на левичарскиот сојуз, а тој и Франција би можеле да се соочат со политичка парализа. Од тоа зависат плановите на Макрон за длабоки реформи во Франција.

Непокорна Франција, скратено Нупес, нов левичарски сојуз создаден од социјалистите, комунистите, зелените и левичарските протестни партии, ја потресе политичката сцена. Лидерот Жан-Лук Меланшон успеа да ги инспирира и мобилизира особено младите гласачи.

Од друга страна, Меланшон се надева дека ако победи неговиот сојуз, тој ќе стане премиер. Тоа сценарио изгледа многу малку веројатно, но последните анкети објавени во петокот покажуваат дека може да се случи Макрон да не добие апсолутно мнозинство во Националното собрание.

Претседателот кажа и дека мора да обезбедиме повеќе работни места, повеќе пари за граѓаните. Напредок во културата, здравството и образованието. Буквално да се постават темелите на новиот патриотизам.

Да си ја вратиме земјата во наши раце, во рацете на народот, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, заклучи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.