По враќањето од фронтот на југот на земјата, украинскиот претседател Влaдимир Зеленски денеска изјави дека неговите војници не се сомневаат во победата против руските сили.

Зеленски, кој ретко оди надвор од главниот град Киев од почетокот на војната, вчера за првпат го посети местото Николаев на југот на земјата.

– Никому нема да го дадеме југот, ќе вратиме се, а морето ќе биде украинско, ќе биде безбедно – се наведува во видеото што Зеленски го објави на Телеграм по враќањето во Киев.

Зеленски ги посети украинските војници и им се заблагодари за нивната „херојска служба“ во борбата против руските сили поддржани на исток од областа на анектираниот Крим.

– Важно е да сте живи. Се додека сте живи, постои силен украински ѕид кој ја штити нашата земја – им рекол тој на војниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.